4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворање на вториот Спортски град во Скопје Сити Мол

Отворање на вториот Спортски град во Скопје Сити Мол

Image (39)

Вториот Спортски град, кој е насочен кон промоција на спортот и здравиот начин на живеење, ќе биде отворен денес вечер во Скопје Сити Мол.

Настанот ќе се одржи во времетраење од три дена (05-07 јуни 2015год), проследени со богата програма и многу активности.

На настанот спортските федерации ќе ги презентираат своите спортови, поддржани и организирани од страна на Сојузот на спортски федерации на Република Македонија, во присуство на македонските шампиони и спортски великани.

Промоцијата на спортовите ќе ја најави Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасески, а обраќања ќе имаат и Претседателот на Сојуз на спортови на РМ и претставник од менаџментот на Скопје Сити Мол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП