10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на Канада намален во април

Трговскиот дефицит на Канада намален во април

kanada-canada

Трговскиот дефицит на Канада во април е намален во однос на март на три милијарди канадски долари, што е над очекуваните 2,1 милијарди долари, соопшти канадскиот Завод за статистика.

Канадската статистика истовремено го корегираше и износот на трговскиот дефицит за март од три на рекордни 3,9 милијарди долари, пренесува АФП.

Економистите сметаат дека канадскиот трговски дефицит, и покрај априлското намалување, остана висок.

Подобрувањето во април е резултат на скромниот раст на цените на нафтата, како и растот на извозот во САД.

Минатата недела Заводот за статистика во Отава објави разочарувачки податоци за падот на бруто домашниот производ за 0,6 проценти во првиот квартал оваа година во однос на истиот периот пред една година, додека централната банка очекувала нула проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП