19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопроцентно обесштетување на поплавените

Стопроцентно обесштетување на поплавените

poplavi 255

Од денеска започна исплатата за стоотстотно обесштетување на погодените земјоделци и домаќинства во поплавите од штипско и битолско, објави премиерот Никола Груевски на неговиот фејсбук профил.

„Исполнето уште едно наше ветување до граѓаните! Денеска започнува исплатата на 100 отстотното обештетување на земјоделците и домаќинствата чии имот и посев беше оштетен од невремето и разорните поплави во јануари и февруари годинава“, пишува на неговит статус на фејсбук профилот премиерот Груевски.

Појаснува дека со цел да се излезе во пресрет на граѓаните кои претрпеа штети, како по своите посеви, така и по своите домаќинства, „на крајот на март ветив, од Штип 100 отстотно обештетување“.

„Веднаш се пристапи кон законско допрецизирање, олеснување и спроведување на постапка за проценка на целокупната штета, како и растоварување на административната процедура со цел да се помогне на земјоделците и домаќинствата погодени од невремето. Тоа што го ветивме и го исполнуваме! Исплатите почнуваат денеска за првите 120 земјоделски домаќинства од Општина Могила која беше еден од најпогодените региони. Во наредните три недели ќе бидат исплатени во целост сите преостанати земјоделци и домаќинства од Могила, како и сите преостанати настрадани од погодените региони кои јавија и кај кои беше констатирана штета од невремето, за што се одвоени 12 милиони евра за нивна директна поддршка“, напиша Груевски.

Инаку, како што нагласува, обештетувањето е 100 отстотно, колку што проценителите процениле и утврдиле дека имало штета толку ќе им биде исплатено на луѓето.

„Истовремено, Владата со поддршка од ЕУ обезбеди средства во висина од 10 милиони евра и за обнова на оштетената инфраструктура: патиштата, водоводните системи, малите брани. Ние продолжуваме да работиме, да создаваме и да придонесуваме за граѓаните. За просперитетна, напредна и силна Македонија!“, напиша Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП