11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААсфалтирана улица „4“ во населено место Бучинци

Асфалтирана улица „4“ во населено место Бучинци

Image (37)

Комплетно е реконструирана и асфалтирана улица „4“ во населено место Бучинци, Општина Илинден, со вкупна должина од 300 метри и широчина од четири метри.

Паралелно со санацијата и асфалтирањето на улицата, исчистено е и проширено коритото на Сува Река, со што се овозможува нормален проток на водите, а на местото на досегашниот, поставен е нов бетонски цевкаст пропуст со пречник од Ф 1000 кој ќе овозможи непречен проток на водите во време на поројни дождови.

Покрај асфалтирањето на улица „4“ асфалтиран е и просторот пред Домот на култура „Бучинци“, со површина од 200 метри квадратни.

Со поставување на новиот асфалт се подобрува функционалноста на улицата, се олеснува движењето на возилата и на пешаците, со што се овозможува подобра и побезбедна комуникација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП