7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит цените паднаа пред извештајот за вработеноста во САД

На Волстрит цените паднаа пред извештајот за вработеноста во САД

Wall Street Premarket

На Волстрит во четвртокот цените на акциите значителнo паднаа, бидејќи инвеститорите се несигурни поради грчката должничка криза и поради тоа што во петок ќе биде објавен извештајот за вработеноста во САД, што вообичаено чувствително влијае на пазарите.

Така, во четвртокот индексот Dow Jones ослабе за 0,94 отсто, на 17.905 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,86 отсто, на 2.095 поени, а Nasdaq индексот за 0,79 отсто, на 5.059 индексни поени.

Најмногу во четвртокот, за околу 1,3 отсто, паднаа цените на кациите во рударскиот и во енергетскиот сектор, што е последица на падот на цените на сировините и на нафтата. Нафтата поевтини втор ден по ред, бидејќи се проценува дека Организацијата на земјите извознички на нафта OPEC нема да го намали производството, што значи дека понудата на пазарот и натаму ќе биде поголема од побарувачката.

Инвеститорите покажаа нервоза и поради тоа што во петок ќе биде објавен извештајот за вработеноста во САД. Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во мај бројот на новите работни места бил зголемен за 225.000. Доколку овие процени се покажат точни, тоа би значело дека американската економија заздравува од падот во првиот квартал од годинава.

Во четвртокот, пак, беше објавено дека минатата седмица бројот на новите барања за помош на невработените паднал за 8.000, на 276.000, со што оваа бројка веќе 13-та седмица по ред се задржува под 300.000, што укажува на јакнење на пазарот на трудот, а тоа, пак, значи дека американската централна банка Federal Reserve (Fed).

„Во фокусот во петок ќе биде извештајот за вработеноста, а доколку бројките бидат добри, тоа би можело да значи дека Fed ќе ги зголеми каматите порано отколку што се мислеше“, смета Тим Гриски, директор во компанијата „Solaris Group“.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во четвртокот ја повика американската централна банка да го одложи зголемувањето на каматите за почетокот на идната година, додека показателите за растот на платите и инфлацијата не станат појасни. Имајќи го предвид падот на американскиот бруто домашен производ (БДП) во првиот квартал од 2015-та за 0,7 отсто, ММФ препорача дека тоа неизбежно ќе го забави растот на економијата годинава, кој сега се проценува на 2,5 отсто.

И додека одложувањето на каматите на Fed би можело позитивно да влијае врз пазарот на акциите, слабостите на економијата ги загрижуваат инвеститорите. Ги загрижува грчката должничка криза, иако Атина во четвртокот побара и доби од ММФ обединување на четирите рати во вкупен износ од 1,6 милијарди евра кои за наплата доспеваат во јуни, од кои првата требаше да биде платена во петокот. Добрата вест е тоа дека засега на овој начин Грција го избегна банкротот, но лошата е што и натаму нема значителен напредок меѓу Атина и нејзините кредитори за реформите кои треба да се спроведат за да се добие нова меѓународна финансиска помош и така трајно да го избегне банкротот и излегувањето од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП