9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Грција стабилна - 25,6 проценти

Стапката на невработеност во Грција стабилна – 25,6 проценти

grcija nevraboteni2

Стапката на невработеност во Грција во март остана стабилна во однос на претходниот месец, кога изнесуваше 25,6 проценти од работоспособното население, покажуваат податоците на грчкиот Национален институт за статистика Елстат.

Ова е најниската стапка на невработеност од јули 2012 година, кога била регистрирана стапка на невработеност од 25,3 проценти, пренесува Ројтерс.

Иако невработеноста во Грција константно опаѓа по достигнатиот максимум во септември 2013 година (27,9 проценти) таа сепак е значително повисока во однос на просекот во еврозоната, каде просечната стапка на невработеност во март изнесувала 11,2 проценти.

Истиот извор потсетува дека грчката економија во првиот квартал забележала пад од 0,2 проценти, повторно потонувајќи во рецесија по благото подобрување во минатата година.

Според најновите прогнози на Европската комисија, грчката економија ќе оствари раст од 0,5 проценти во тековната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП