17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Грција има намера да ги отплати сите долгови

Варуфакис: Грција има намера да ги отплати сите долгови

ekso-Varoufakis-326x235

Грција има намера да ги отплати сите свои долгови, соопштил грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис.

Одговорајќи на прашањето дали во петок ќе биде отплатена траншата од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), вредна 300 милиони евра, тој рекол дека како министер за финансии не може да даде друг одговор, освен тоа дека државата секогаш цели кон тоа да ги врати долговите на своите кредитори, пренесува Reuters.

Грција во текот на јуни, низ четири транши треба да му врати на ММФ долг вреден 1,6 милијарди евра. Варуфакис рекол дека остро се противи на приватизацијата на грчкиот дистрибутор на електрична енергија PPC, која левичарската влада во Атина ја сопре веднаш штом дојде на власт во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП