7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesco размислува за продажба на средствата во Јужна Кореја за 7 милијарди...

Tesco размислува за продажба на средствата во Јужна Кореја за 7 милијарди долари

homplus

Трговецот на мало „Tesco PLC“ размислува за продажба на своите средства во Јужна Кореја – најголемата инвестиција надвор од Велика Британија, очекувајќи да заработи до 7 милијарди долари. Средствата ќе бидат искористени за финансирање на напорите за пресврт во претставувањето на британската компанија, посочуваат луѓето запознаени со ситуацијата.

За оваа цел „Tesco“ ја има ангажирано „HSBC Holdings PLC“ за управување со процесот на продажба на активата на мало. Продажбата ќе доведе до разделба со голем процент на девизни средства на „Tesco“ по серијата гафови на синџирот на мало, вклучувајќи сметководствени скандали, масивни одбивања и проблеми со управувањето.

Договорот може да се покаже со особена важност за фирмите за акционерски инвестирање во Азија, бидејќи банките во Јужна Кореја покажале желба за финансирање на превземања на претпријатијата за генерирање силни парични текови.

Во април најголемиот британски трговец на мало ја забележа најголемата годишна загуба во својата 96-годишна историја, откако беа отпишани средства во вредност од 4,7 милијарди фунти.

Компанијата исто така беше погодена од сметководствени скандали и пад на продажбата поради бруталната ценовна војна меѓу супермаркетите на Островот. Ова доведе до годишна загуба пред оданочување во износ од 6,38 милијарди фунти во текот на годината до 28-ми февруари.

Минатата година „Tesco“ беше погоден од значителен сметководствен скандал, откако беше утврдено дека компанијата ја надценило својата добивка во износ од 250 милиони фунти. Ова доведе до голем број на тужби од акционери кои продолжуваат и во моментов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП