5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на банани загрозено од болест

Производството на банани загрозено од болест

banani 3950

Шест децении откако плантажи банани изумреа откако беа нападнати од габа во Латинска Америка, нова болест му се заканува на ова овошје, што би можело да ги уништи светските насади.

Оваа година во Австралија, во држвата која е главна во производство на банани  се појави Fusarium wilt, откако се прошири претходно во Азија и Африка. Габата е присутна од 1990-тите години на минатиот век, најголемиот извозник од Еквадор, Fresh Del Monte Produce Inc., ја нарече ноќна мора.

Обединетите нации предупредуваат дека болеста се заканува на целокупното производство, а Латинска Америка презема чекори за да го намали ризикот.

Во 1950 тите години, индустријата преживеа на тој начин што од најпродаваниот тип на Gros Michel банана, се премина на поотпорниот вид Cavendish. Но, овојпат, нема подготвена замена. Американците сега јадат банани колку што јадат јаболка и портокали заедно, а пазарот се проценува на седум милијарди долари.

„Немаме ништо што ќе ја замени Cavendish бананата“, вели Герт Кена, истражувач од Универзитетот Вагенинген од Холандија, кој ги проучува болестите на бананите.

Дел од проблемот е и тоа што пазарот еволуирал од пред еден век и сега се заснова на само еден вид, место на повеќе.

Има повеќе од 1.000 типови банани, но многу од нив се јадат само во местото каде растат, а доста и не се за јадење. За да заработат, одгледувачите на банани се свртеле кон еден вид, заради униформност, но и за да ја држат цената на ниско ниво. До 1960 година, беше само Gros Michel, која потполно исчезна во една деценија, поради болеста позната како Панамска болест.

Тогашниот премин од Gros Michel на Cavendish, барал огромни промени. Кавендиш бананата била помала и помалку вкусна, па при транспорт биле потребни помали кутии, место до тогаш користените контејнери. Повторна замена со друг ви, исто така, би била прескапа.

САД и Европската Унија се најголеми увозници на банана, додека Еквадор и Филипини се најголеми извозници. Според проценките, бананата е извор на приход или храна за 400 милиони луѓе во светот.

Во последните две децении нов вид Fusarium wilt, наречен Панама болест му се заканува на Кавендиш видот на банани, вклучувајќи ги и оние во Кина и на Филипините, но и во делови од Африка. Годинава ги нападна и бананите во Квинсленд, Австралија која произведува повеќе од 90 отсто од вкупното австралиско производство на банани, вредно 467 милиони долари.

TR4 влегува во растението и се шири, а прв симптом е пожолтување на лисјата, кои потоа добиваат кафеава боја и отпаѓаат. Болеста не претставува закана за луѓето.

Производителите од Латинска Америка се сретнаа во март за да разговараат за мерки за одбрана од болеста, а ќе се сретнат повторно во септември или октомври, вели Едуардо Ледесма, директор на Асоцијацијата на извозници на банани.

Болеста лесно ја шират и луѓето. Спорите ги има во валканите чевсли, а на тркалата од тракторите и камионите, контејнерите за превоз и друга инфицирана опрема. Се пренесува и преку дожд, поплави и проточна вода. Бидејќи повеќето Кавендиш банани во светот се клонови, болсета ги напаѓа сите.

Болеста се уште не стигнала до американските и западноафриканските банани, од каде доаѓа целокупната сегашна залиха, а се бара и начин да се развие вид отпорен на болеста.

Од Fresh Del Monte изјавија дека нивните банани ширум Јужна Америка не се нападнати и не очекуваат тоа скоро да се случи.

Фармите во Квинсленд, Австралија, од друга страна се ставени во карантин, а се уништуваат насадите кои се заболни.

Истражувачите од Вагенинген велат дека болеста ќе се шири покрај напорите за нејзино сузбивање, се додека постојат исти видови банани.

„Историјата се повторува. Ако ја погледнете мапата ќе видите дека болеста маршира“, вели Кепел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП