3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОсми Младински пролетен салон на тема „Минијатура“

Осми Младински пролетен салон на тема „Минијатура“

minijatura slika

Осмиот Младински пролетен салон на тема „Минијатура“ ќе биде отворен вечерва во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.

Изработката на едно ликовно дело е сложен творечки процес (скицирање, цртање, поставување, реализација, анализа) и без разлика дали се работи за огромна површина на зид или платна, или сосема мало уметничко парче, потребно е да се вложат исклучителни напори и креативност во процесот. Проблемот на обработка е перспективата, мотивот, композицијата, симетријата, рамнотежата, единството кои се присутни и на мал простор.

За овој салон учениците имаа креативно изјаснување на мал формат кој што овозможува голем интерес и квантитет од страна на младите. На изложбата се застапени дела во различни медиуми, цртеж, слика, графика, скулптура, колаж, видео, фотографија, компјутерска графика и дела во комбинирана техника.

Изложбата ја организира дидактичко-едукативниот секор во Националната галерија на Македонија, а селектор на салонот е Ацо Таневски ликовен едукатор во НГМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП