18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВлажните коловози не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот

Влажните коловози не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот

Image (34)

Сообраќајот на сите патни правци низ Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с.Маврово. Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.

Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси може да се одвива преку с.Леуново.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП