19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го извести ММФ за намерата да ги спои јунските исплати на...

Грција го извести ММФ за намерата да ги спои јунските исплати на долгот

grcija 35

Грција го извести Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за својата намера да ги спои во една сите јунски транши за плаќањата на долгот во јуни, изјави во четвртокот навечер портпаролот на Фондот, Џери Рајс, еден ден пред доспевањето на првата рата.

Според портпаролот на ММФ, „согласно одлуката на ММФ од крајот на 1970-те години, земјите членки на Фондот можат да побараат спојување на различните исплати, коишто влегуваат во еден календарски месец, при што каматата не може да биде вклучена во овој пакет“.

„Одлуката беше донесена во насока на отстранување на административните тешкотии кои можат да произлезат при остварувањето на низа отплати во кус рок“, појасни Рајс.

Претходно во четвртокот, извршната директорка на ММФ, Кристин Лагард, изјави дека се надева оти Грција ќе успее навреме да го отплати долгот.

Ратата од 300 милиони евра којашто доаѓа за наплата во петок, е само првата од четирите рати во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра коишто Грција мора да му ги исплати на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во текот на јуни, и покрај тоа што е на работ од банкротот и можното излегување од еврозоната.

Грција должи вкупно 320 милијарди евра, од коишто околу 65 отсто на ММФ и на владите на земјите членки на европската монетарна унија (еврозоната), а 8,7 отсто е долг од Европската централна банка (ECB).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП