Извршниот директор на Ирската фудбалска федерација (FAI) Џон Делани изјави во четвртокот дека Меѓународната фудбалска федерација ФИФА на сметката на FAI уплатила пет милиони евра за тој да покрене судска постапка по контроверзното испаѓање на ирската селекција од Франција во дополнителните квалификации на Светското фудбалско првенство во 2010 година.
Франција се пласираше за мундијалот во 2010-та во Јужноафриканската Република со победата против Ирска во продолжението откако Тиери Анри очигледно со намера играше со рака при постигнувањето на решавачкиот погодок.
Џон Делани во разговорот за ирската државна телевизија RTE, по повод неодамнешните апсења поради корупција во ФИФА, изјави дека „Тоа беше уплата на сметка на сојузот за да не покренуваме судски спор“, без дополнување во договор со кого е тоа сторено.