4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУште 32 наслови во едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Уште 32 наслови во едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

kniga 00355

Во проектот „Ѕвездите на светската книжевност“, во четврток беа промовирани уште 32 нови преводи од вкупно 442 досега објавени дела.

Меѓу позначајните наслови кои денеска беа промовирани се најубавите стихови на Тасо во Ослободениот Ерусалим, бесмртниот индиски еп „Рамајана“, романот „Гаргантуа и Пантагруел“ од Франсоа Рабле, „Шагринска кожа“ на Оноре де Балзак, „Големите очекувања“ на Чарлс Дикенс, „Светлината во август“ од нобеловецот Вилијам Фокнер и други.

Академик Митко Маџунков, кој е претседател на стручната редакција на едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“, рече дека во овие „немини времиња“, многумина забалежуваат дека многу пари се трошеле на култура, но според него, таква синтагма не постои, затоа што „никогаш премногу не може да се потроши на култура“.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, на денешната промоција на најновите преводи рече дека како никогаш досега Министерството за култура и Владата реализирале и поддржале проекти во областа на литературата и издаваштвото.

„Сите активности кои ги спороведовме последните години ги унапредија состојбите во оваа дејност, го поттикнаа творештвото и го подобрија статусот на авторот, го збогатија националниот и библиотечниот фонд на целата држава што овозможи нашите читатели да ги збогатат своите искуства и сознанија со највредните ела од светската книжевност“, рече Канческа- Милевска.

Премиерот Никола Груевски во својот говор рече дека дел од овие писатели твореле во XVI век, а првпат на македонски јазик се преведени сега, што според него значи дека македонската култура пропуштила многу важни работи од светската литература.

Едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“ ќе содржи 560 дела, кои треба да бидат преведени и отпечатени до крајот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП