4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНабавена модерна техничка опрема за ССОУ „Илинден“

Набавена модерна техничка опрема за ССОУ „Илинден“

Image (31)

Општина Илинден инвестираше во набавка на нова модерна и современа техничка опрема за вршење на практична настава на учениците од Средното стручно општинско училиште „Илинден“.

Градоначалникот Жика Стојановски во присуство на директорот на Средното стручно училиште „Илинден“, во четврток ја предаде во употреба новата опрема за практична настава.

Опремата во вкупна вредност од 1.400.000,00 денари се состои од 12 функциски генератори, шест дигитални осцилоскопи, аналогни осцилоскопи, два лабораториски бројача, 14 извори за напојување и 16 миливолтметри.

„Со обезбедување на техничката опрема за реализирање на практичната наставна програма, која е од исклучително значење за учениците од средното училиште, Општина Илинден продолжува со својата определба за инвестирање во образованието, со што директно придонесува во стимулирање и мотивирање на учениците и наставниците за постигнување високи резултати во образовниот процес“, информира локалната власт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП