8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПосле овој текст повеќе никогаш нема да ставите мраз во пијалокот

После овој текст повеќе никогаш нема да ставите мраз во пијалокот

486129117_324

Ништо поубаво од топол летен ден, особено ако имате време да седнете во некоја ладовина и да нарачате од вашиот омилен пијалок со многу мраз и да уживате во освежувањето…

Колку и да звучи примамливо, токму тие коцки мраз кои освежуваат кријат не толку пријатни факти. Откако ќе го прочитате ова, два пати ќе размислите дали навистина ги сакате во вашиот пијалок.

Мувла

Можеби и најголемиот проблем е мувлата која често се наоѓа во машините за мраз. Овој проблем настанува кога замрзнувачите често се отвараат и затвораат, а влажните места поттикнуваат размножување на габи и мувла. Во дури 10 проценти од мразот се наоѓа мувла и кандида.

Бактерии

Доволна е само мала количина на контаминирана вода, за мразот да биде загаден. Често тоа се мали количини на микроорганизми кои не можат да предизвикаат поголеми здравствени проблеми, но во некои примероци се пронајдени и ешерихија коли, хеликобактер и листерија.

Доколку сами правите мраз, по секоја употреба садовите за мраз добро измијте ги, потоа исушете ги и можете да ги употребувате.

Фекалии

Многу луѓе не се свесни за лошата хигиена и опасностите кои таа ги носи со себе. Во Америка 15-годишно момче почина откако се зарази од контаминираните коцки мраз.

Ако шанкерот не ги измил рацете, вие сигурно ништо нема да забележите во својот пијалок, но бидете свесни за опасноста од коцките мраз кои се наоѓаат во него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП