6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишно „забораваме“ 365 долари

Годишно „забораваме“ 365 долари

money122

Истражувањето за потрошувачките навики, кое го спроведе компанијата „Visa“, ни открива дека годишно забораваме 365 долари.

Под поимот забораваме, во овој случај се мисли на пари кои ги забораваме или оставаме во колата, низ домот, во облеката, канцеларијата, малите касички…

Под ваквото заборавање спаѓаат и паричките кои ги чуваме во странски валути, оние кои ќе ни останат од годишниот одмор, а кога оваа мала сума на пари редовно би ја складирале во касичка, на крајот од годината ќе можеме да купиме 6,5 грама злато.

Истражувањето опфати 5,500 лица во Австралија, Индија, Индонезија, Русија, Сингапур, Јужна Африка, Јужна Кореја, Тајван и Обединетите Арапски Емирати.

Меѓу најголемите светски „губитници“ на ситни пари се Јапонците, дури 337 долари, кои ги забораваат и не ги искористуваат, додека луѓето во Индонезија се многу поштедливи, тие во домовите губат само 21 долар.

Во автомобилите, во домовите или во канцелариите просечно се губат околу 80 долари.

Само еден од пет испитаници странските ситни пари, по враќањето од одморот или службеното патување, ги менува во домашната валута.

Истражувањето покажува дека потрошувачите се враќаат од странство со неискористени 285 долари во странска валута.

Меѓу туристите „расипници“ на прво место се жителите на Сингапур, кои по враќањето од странство „забораваат“ дури 625 долари. Од друга страна, жителите на Индонезија, Јужна Кореја или Тајван се поголеми домаќини и во нивниот случај тие забораваат само по еден долар.

Дали македонскиот граѓанин може да си дозволи да заборави 365 долари годишно?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП