6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален трговскиот дефицит на САД

Намален трговскиот дефицит на САД

trgovija-uvoz-izov

Трговскиот дефицит на САД е намален во април повеќе отколку што се очекуваше, на 40,9 милијарди долари, покажаа вчера официјалните податоци во Вашингтон.

Економистите кои ги анкетираше агенцијата Блумберг прогнозираа дека трговскиот дефицит ќе биде намален на 44 милијарди долари од мартовскиот шестгодишен максимум од 51,4 милијарди.

Дефицитот во март беше зголемен со најбрзо темпо во последните 18 години.

Деветмесечното забавување на трговијата во пристаништата на американската западна обала доведе до пад на извозот.

„Активноста на пристаништата на западот почнува да се нормализира, а бројот на контејнери наменети за извоз расте, додека бројот на контејнери од увоз се намалува. Трговијата во западните пристаништа значително влијае на вкупните трговски податоци“, наведува главниот економист на Дојче банк во САД Џозеф Лаворн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП