20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо сабота се отвора базенот во Аеродром

Во сабота се отвора базенот во Аеродром

bazen-aerodrom545454

Летната сезона и официјално може да почне со најава за отворање на најголемиот базен на отворено кај нас, базен „Аеродром“.

Во сабота, 6 јуни, во 10 часот сите љубители на водата, пливањето, сончањето и уживањето ќе може да бидат дел од отворањето на новата сезона на базен „Аеродром“.

Тимот и содржините кои победуваат не се менуваат, па така од менаџментот на базенот најавуваат дека ќе се задржат содржините од изминатата сезона, но и дека ќе се надополнат со забава за најмалите и останати спортски активности. Деталите за новите содржини ќе бидат најавени во текот на месецот.

Базен „Аеродром“ е локација на која може комплетно да се ужива, така што покрај пливањето и сончањето ќе може да се проба по некој од специјалитетите на летната бавча „Фирма” во комплексот на базенот, или да се разлади со пијалак од останатите барови за разладување кои работат во склоп на базен „Аеродром“.

Она што преостанува е сите љубители на водата, сончањето и водените лудории да се подготват и дојдат на отворањето на базен „Аеродром“, во сабота, во 10 часот, затоа што ова е настан кој ќе биде вистинско освежување за сите граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП