
Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива по претежно суви коловози.


Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива по претежно суви коловози.
Од АМСМ со препорака до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ја почитуваат поставената сигнализација.
Поради можноста за почеста појава на одрони посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.