18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговор Меркел-Оланд за намалување на планираниот примарен грчки вишок

Договор Меркел-Оланд за намалување на планираниот примарен грчки вишок

1000

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се договорите во телефонски разговор со грчкиот премиер Алекси Ципрас дека е „неопходно“ да се намали целениот примарен грчки вишок, тврди извор во грчката влада.

Тројцата челници „се договорија дека се неопходни помали примарни буџетски вишоци и што поскоро решение“ на преговорите меѓу Грција и нејзините доверители, изјавил споменатиот извор за медиумите по телефонскиот разговор кој го оценил како „конструктивен“.

Со намалувањето на целениот примарен вишок кој Грција мора да го реализира следните години ќе се олесни тешката финансиска состојба на земјата, така што нејзините трошоци ќе бидат помалку изложени на притисок. Тоа е и една од ретките отстапки за коишто се левичарката грчка влада може да се пофали дека го добила од своите партнери, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Според претходната програма Грција се обврза дека во 2015 година ќе оствари вишок од 3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а во 2016-та од 4,5 отсто. Вицепремиерот Јанис Драгасакис изјави во вторникот дека Атина би била задоволна и со помалку од 1 проценти во 2015-та и помалку од 1,5 отсто во следната година.

Во телефонскиот разговор со Меркел и Оланд, Ципрас истакнал дека уште не го добил предлогот за договорот од институциите на доверителите.

Овој текст кој по состанокот во понеделникот без подготовки задно го изработија Оланд, Меркел и претседателот на ЕЦБ, Марио Драги и директорката на ММФ Кристин Лагард, би требало да биде појдовна точка за преговорите планирани на средбата на Ципрас и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер која се одржува во средата навечер во Брисел.

Грчкиот премиер пред заминувањето за Брисел повтори дека има намера да разговара тргнувајќи од предлог договорот кој го подготви Атина, а кој во понеделникот навечер им бил испратен на грчките парнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП