8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните претплати за паметните телефони ќе надминат шест милијарди во 2020-та

Глобалните претплати за паметните телефони ќе надминат шест милијарди во 2020-та

mobilni-telefoni-foto-beta-1397651891-480969

Бројот на претплатите на паметните телефони на глобално ниво повеќе од двојно ќе се зголемат до 2020 година и ќе надминат шест милијарди, што ќе претставува деветкратно поголем мобилен сообраќај на податоци, прогнозираше во средата шведскиот произведувач на телекомуникациска опрема Ericsson.

До крајот на 2020 година бројот на претплатите на паметните телефони во светот ќе достигне 6,1 милијарди, во споредба со 2,6 милијарди претплати во минатата 2014 година, прогнозираат во светскиот гигант во сегментот на производство на телекомуникациска опрема. Со тоа би се создале и услови за деветократно поголем мобилен сообраќај на податоци во истиот период, проценуваат од Ericsson.

„Софистицираната мобилна технологија ќе биде глобално сеприсутна до 2020 година, со тоа што 70 отсто од луѓето ќе користат паметни телефони, а 90 отсто ќе бидат покриени со мобилни мрежи за широкопојасен пристап на интернет“, се вели во полугодишниот извештај на шведската компанија за мобилните телекомуникации.

Тоа значи и дека прогнозата на Ericsson не се менувала побитно во однос на онаа од ноември минатата година.

Во шведската компанија, исто така, очекуваат дека благодарејќи на видеото ќе го зголемат својот удел во вкупниот мобилен сообраќај на податоци за 60 отсто до 2020-та, во однос на околу 45 отсто во 2014 година. Со тоа е благо подигната прогнозата од ланскиот ноември, во којашто беше прогнозиран раст на овој удел од 55 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП