6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон повторно најпосетен град

Лондон повторно најпосетен град

london_large

Лондон по две години пауза повторно се врати на чело на најпосетените градови во светот, објави MasterCard.

Според проекцијата на MasterCard глобалниот индекс на посетеност на градовите за 2015 година, оваа година британската престолнина ќе ја посетата 18,8 милиони туристи што ќе преноќат најмалку една ноќ.

Ова е седмо годишно истражување на MasterCard, а Лондон на чело на табелата се најде пет пати. Претходните две години на врвот беше Бангкок, кој оваа година ќе биде посетен од 18,2 милиони туристи. Падот на Бангкок од првото место се припишува со нестабилната политичка ситуација на Тајланд.

На трето место е Париз, а меѓу првите десет најпосетени градови се уште и Дубаи, Истанбул, Њујорк, Сингапур, Куала Лумпур, Сеул и Хонг Конг.

Лондон е прв по потрошувачката, туристите во градот оваа година ќе потрошат 20,2 милијарди долари. Втор е Њујорк со 17,4 милијарди, а трет Париз со 16,6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП