2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштено во употреба ново повеќенаменско игралиште во ОУ „Санде Штерјоски“ во Кичево

Пуштено во употреба ново повеќенаменско игралиште во ОУ „Санде Штерјоски“ во Кичево

Image (23)

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, во среда пристуствуваше на пуштањето во употреба на ново повеќенаменско игралиште во Основното училиште „Санде Штерјоски“ во општина Кичево, кое е изградено со средства на општина и УСАИД.

„Соработката помеѓу локалната власт и УСАИД, уште еднаш се потврдува како успешна и взаемно задоволство на сите засегнати страни“, истакна министерот Адеми, напоменувајќи дека игралиштето е изградено со заеднички напор на училиштето, општината и УСАИД, за кое се издвоени над 37 илјади долари, место на кое учениците ќе можат да ја изведуваат наставата по физичко воспитување, но и да се рекреираат во нивното слободно време.

„Училиштето ’Санде Штерјоски’ е еден од низата позитивни примери, каде наставата ја следат ученици од македонска, албанска, турска и ромска националност, училиште каде што нема поделба по етничка припадност, и каде другарувањето не познава верска и било каква друга припадност“, потенцираше Адеми.

Мултикултурализмот, истакна Адеми, е сликата на Република Македонија.

„Само земја во која се почитуваат различната етничка и верска припадност може да се пофали дека модерното општество не признава поделби и сегрегации“, додаде Адеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП