
Група пратеници денеска во Собранието поднесоа предлог закон за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишните приходи во Фондот за здравствено осигурување.


Група пратеници денеска во Собранието поднесоа предлог закон за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишните приходи во Фондот за здравствено осигурување.
Законот е иницијатива на Движењето за социјална правда „Ленка“, а го поднесоа пратениците Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Роза Топузова-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева.
Со законот треба да се реши еден системски проблем во кој се западнати државните институции и една голема група од 15.000 граѓани, поради давање неточни изјави за годишни приходи во 2011-та и 2012-та година. Пресудата е покрената од Јавното обвинителство групно, преку казнен налог и досудена без присуство на обвинетите.
Се работи главно за невработени и граѓани од социјално ранливи категории, кои се неоправдано казнети со три месеца затвор и една година условно, и им е отворено криминално досие. Со оглед на фактот дека тие и во 2013-та и 2014-та година имаат по автоматизам пополнето исти изјави, ќе станат рецидивисти и ќе мора да се спроведе казната затвор поради надминување на приходите за 100 до 1.000 денари.
Целиот случај е полн со нелогичности и преседани, па создава сериозен проблем за граѓаните и за државата, особено што се осудени по член од Закон кој е претходно укинат на Уставен суд, на иницијатива на „Ленка“, сметаат подносителите на прелог законот.