17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕБОР му одобри кредит на Неотел за развој на оптичка широкопојасна мрежа

ЕБОР му одобри кредит на Неотел за развој на оптичка широкопојасна мрежа

Image (22)

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во висина од два милиони евра на компанијата Неотел, со кој се финансира проширувањето на оптичката инфраструктура на широкопојасната мрежа во Македонија.

Средствата ќе се користат за зајакнување на позицијата на Неотел преку намалување на оперативните трошоци, проширување на оптичката мрежа и подобрување на услугите кон клиентите.

Подобрените услуги ќе овозможат зголемување на бројот на корисници на широкопојасен интернет во Македонија, кој останува да биде на скоро половина од нивото на европскиот просек од 27,7 проценти покриеност на корисници од населението во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП