29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран би можел да го користи „Турски тек“ за достава на гас...

Иран би можел да го користи „Турски тек“ за достава на гас во Европа

gas 99

Иран би можел да го користи „Турски тек“ за достава на ирански гас во Европа по укинувањето на санкциите, изјави претставник на државната гасна компанија на Иран.

Од таму укажуваат дека иранскиот гасовод може да стигне во Европа преку истата точка во која стигнува и „Турски тек“.

Техеран е подготвен да го искористи и црноморскиот дел од гасоводот. Генерално гледано, иранските власти разгледуваат пет до шест варијанти за снабдување на ЕУ со гас. Од компанијата нагласуваат дека сите правци ќе бидат разгледани од гледна точка на економска исплатливост.

Според податоците на British Petrolеum за 2013, резервите на Исламската република ги надминуваат руските и изнесувале близу 34 трлн.куб.м. Во моментов, сепак во гасната и нафтената гранка во Иран итно се потребни странски инвестиции. За развој само на нафтените проекти се потребни 200 милијарди американски долари, велат од иранската влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП