1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC планира кратење на 10-20 илјади работни места

HSBC планира кратење на 10-20 илјади работни места

nsbc 0003

„HSBC Holdings Plc.“ може да објави намалување на илјадици работни места во текот на следната недела, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на информации на „Sky News“. Идејата е дел од основната „поправка“ на најголемата банка во Европа, започната од главниот извршен директор Стјуарт Гуливер.

Планот на Гуливер исто така може да предвидува разделба со единиците на доверителот во Бразил и Турција и намалување на инвестицискиот бизнис на „HSBC“.

Според информациите на „Sky News“ отпуштањата ќе бидат меѓу 10 и 20 илјади вработени. Бројот уште не е конечно определен, а Гуливер ќе ги претстави своите планови пред инвеститорите на 9-ти јуни.

Од британската банка одбија да дадат коментар на оваа тема пред „Sky News“.

Стјуарт Гуливер беше назначен за извршен директор во 2011-та година, а од тогаш скрати повеќе од 50 илјади работни места како дел од преструктуирањето на банката. Сепак тој беше подложен на притисок од страна на акционерите да стори повеќе за да заживее претставувањето на „HSBC“.

Според Џим Aнтос, аналитичар во „Mizuho Securities Asia“, дополнителни намалувања на работни места не може да биде доволно за да ги смири инвеститорите.

„Цената на акциите е „мртва“ веќе неколку години. Тоа што пазарот го бара е нешто доста суштинско, како нова стратегија нова тема“, рече тој во интервју за „Ројтерс“.

„Веќе имаше намалување десетици илјади работни места и тоа не беше одговорот досега. Тоа е повторување на истиот модел“, додаде Aнтос.

Ниските каматни стапки и построги регулативи ја погодија „HSBC“ повеќе од останатите банки во последните години, а Гуливер и неговиот тим не успеаја да постигнат повеќето од своите цели за приходите и расходите.

Како одговор на тоа банката се раздели со 77 свои единици во различни делови на светот. Во февруари доверителот посочи дека локалитети во Турција, Бразил, Мексико и САД треба да го подобрат своето претставување, во спротивно ќе бидат продадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП