5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрбан: Масовната миграција е закана за Европа

Орбан: Масовната миграција е закана за Европа

orban 0303

Масовната миграција на населението ширум светот претставува закана за европската цивилизација, оценил унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Масовната миграција која денес се случува ширум светот може да го промени лицето на европската цивилизација. Ако тоа се случи, веќе нема помош“, изјавил Орбан на конференција одржана во чест на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, кој неодамна наполни 85 години.

„Нема враќање од мултикултурна Европа. Нити во христијанска Европа, нити во светот на националните култури“, додал Орбан.

Унгарскиот премиер нагласил дека на прашањето за миграцијата треба сериозно да му се пристапи, пренесува AFP.

„Доколку сега направиме грешка, тоа ќе биде засекогаш“, смета Орбан.

Високиот комерсаријат на Обединетите нации (ОН) за човеки права неодамна соопштил дека прашалникот на унгарската влада кој бил пратен до унгарските гласачи и во кој миграцијата се поврзува со тероризмот, според нив е „зачудувачки“, поради тоа што тој бил можел да го зголеми антиимиграциското расположение во земјата.

Некои прашања „активно ја промовираат нетрпеливоста кон мигрантите и поттикнуваат ризик од ширење на ксенофобија во земјата“, соопштила канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права.

Орбан сака Европската унија на поединечни земји да им даде поголеми овластувања за да ги уредат своите имиграциски политики и порачува дека Унгарија не сака економски мигранти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП