16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата пораснаа, во очекување дека OPEC нема да го зголемат...

Цените на нафтата пораснаа, во очекување дека OPEC нема да го зголемат производството

nafta-nafta-svetot

Цените на нафтата пораснаа во вторникот на меѓународните пазари, поткрепени од ослабениот долар и очекувањата дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на претстојниот состанок ќе му одолее на притисокот дополнително да го зголеми и онака големото производство.

Во таквата атмосфера, цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 70 центи во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот, на 65,58 долари. Во истиот износ поскапи и барелот на американскиот пазар, па со него се тргуваше по 60,90 долари. Одвоено OPEC објави дека цената на барелот референтна кошничка неговата нафта во понеделникот изнесувала 60,39 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на затворањето на тргувањето во претходниот трговски ден.

Американскиот долар во вторникот ослаби во однос на еврото и кошничката шест светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, што ја прави нафтата поевтина за потрошувачите во Европа и за имателите на другите валути, поттикнувајќи ја побарувачката.

Во фокусот на пазарите е седмичниот редовен состанок на министрите за нафта на земјите членки на OPEC во Виена, на кој би требало да се разгледува политиката на производство во следните шест месеци. Во ноември нафтениот картел и покрај падот на цените го задржа производствениот плафона на 30 милиони барели дневно за да го одбрани својот пазарен удел од американската конкуренција која го преплави пазарот со нафта од шкрилци.

„OPEC се состанува во петок и не е расположен за намалување на производството. Разликите во мислењата меѓу земјите членки и натаму се извонредно големи…, а Саудиска Арабија нема да го намали производството, доколку тоа не го сторат и сите други“, констатира Амрита Сен од „Energy Aspects“.

Спротиставените мислења на членките на OPEC се резултат на различните трошоци на производството, па Саудиска Арабија ги предводи заговорниците на задржувањето на сегашното ниво на производство,за да се одбрани пазарниот удел, додека Венецуела и Иран се застапуваат за намалување на производството поради одбраната на повисоките цени.

Од компанијата „AB Bernstein“ потсетуваат во извештајот дека Саудсика Арабија има најниски трошоци за црпење нафта меѓу членките на OPEC, од околу 6,1 долари по барел, додека на другите членки им се потребни поголеми цени на нафтата. „Во рамките на OPEC, имајќи го предвид актуелното ниво на цените на нафтата и буџетската потрошувачка на поедини земји… девизните резерви во Венецуела, Ангола и Еквадор тешко ќе може да потраат уште една година, а најмало влијание се очекува во Кувајт и во Катар“, се наведува во извештајот.

Повеќето аналитичари сметаат дека во таквиот контекст нафтениот картел нема на состанокот во седиштето во австриската престолнина да го менува плафонот за производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП