2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот слабее во однос на еврото и јенот, Грција и натаму во...

Доларот слабее во однос на еврото и јенот, Грција и натаму во фокусот

dolar

Курсот на американскиот долар во вторникот на тргувањето на меѓународните валутни пазари ослабе во однос на еврото и јапонскиот јен, додека во фокусот на инвеститорите и натаму е Грција и нејзините преговори со меѓународните доверители.

Во таквата атмосфера на запарите, еврото зајакна за 0,3 отсто во однос на доларот, на 1.0956 долари. Во сличен процентен минус доларот беше и во однос на јенот, лизнувајќи се на 124,46 јени.

Во тргувањето претходно во вторникот, додека беа отворени азиските берзи, курсот на доларот накусо надмина и 125 јени, и тоа првпат од втората половина на 2012 година. Во еден момент ја достигна и вредноста од 125,07 јени, по што неговиот залет забави.

„Растот на доларот во однос на јенот беше остар, меѓутоа расположението е такво што предност му дава на тестирањето на новите највисоки нивоа, а не на консолидацијата“, вели за Reuters Кјосуке Сузики од банката „Societe Generale“.

Главните претставници на Германија, Франција и претставниците на меѓународните доверители на Грција доцна ноќта кон вторникот се договорија навистина интензивно да работата на прашањето на грчкиот долг, во настојувањето да се постигне договор и со тоа да се спречи Атина да дојде во ситуација да не може правовремено, како и нејзиното потенцијално излегување од еврозоната. Атина до петок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) би требало да му исплати раката од заемот од 300 милиони евра, а потоа за десетина дена уште една од речиси милијарда евра.

„Фактот дека пет вакви политички и финансиски ‘тешкаши’ се состанаа поради Грција значи дека се обидуваат да постигнат пресврт во ќорсокакот на политички план, а тоа е позитивен развој на настаните кои веројатно ќе помогнат да се зголеми наклонетоста на инвеститорите кон ризикот. Па сепак, мора да почекаме да ги видиме реакциите на Грција“, вели валутниот аналитичар во KBC Матијас фан дер Јеугт.

Грчкиот министер за труд Панос Скурлерис за телевизијата Skai изјави дека владата во Атина не може да прави поголеми отстапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП