26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ХЕЦ „Шпиље“ произведени 170 милиони киловат часови електрична енергија

Во ХЕЦ „Шпиље“ произведени 170 милиони киловат часови електрична енергија

spilje 2003

Поради топењето на снегот видно е зголемено нивото на Дебарското езеро, а со тоа и производството на електрична енергија.

Во перидот јануари – мај оваа година во ХЕЦ „Шпиље“ кај Дебар се произведени 170 милиони киловат часови електрична енергија. Според ЕЛЕМ, во споредба со годишниот план ова производство изнесува 56 отсто, додека во споредба со истиот период минатата година, тоа е повисоко за 13 отсто.

Во Дебарското езеро во моментов има резерви на вода за производство на 27 милиони киловат часови електрична енергија, додека, пак, дневниот доток на водите од реките Радика, Црн Дрим и  некои помали регионални реки изнесува 50 кубни метри вода во секунда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП