18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција напријатно изненади

Франција напријатно изненади

francijakrizafrance

Бројот на невработени во Франција во април достигна ново рекордно ниво и според официјалните статистички податоци, се искачи на 3,53 милиони лица.

Тоа е за 26.000 повеќе во однос на претходниот месец.

Оваа вест доаѓа како удар за владата на претседателот Франсоа Оланд, кој вети дека нема да се кандидира за втор мандат во 2017 година доколку не успее да го прекине трендот на раст на невработеноста, пренесува агенцијата АФП.

Париз минатиот месец се охрабри поради подобрите од очекуваните квартални показатели за растот на економијата, втората најголема во еврозоната, која порасна за 0,6 проценти.

Тоа го наведе министерот за финансии Мишел Сапен да каже дека стапката на економскиот раст од 1,5 проценти, која е потребна за намалување на невработените, е „соврешено можна“ дури иако официјалната прогноза останува на 1,0 проценти.

Но, Министерството за труд, кое ги објавува овие податоци, предупредува „ќе ни бидат потребни барем уште неколку месеци пред економскиот раст да се почувствува на вработувањето“.

„Знам дека 2015 година ќе биде подобра од 2014 година“, изјави министерот за труд Франсоа Ребсамен, пред да бидат податоците објавени.

Од кога беше избран пред повеќе од три години, Оланд само четири пати имал пад на месечните показатели за невработеноста, додека во редот на оние кои бараат работа се приклучиле уште 600.000 нови лица.

Меѓу алармантните идикатори во април, особено е голема невработеноста на стари лица и долгорочната невработеност.

По пропаѓањето на класичната политика за вработување, врз основа на договори за работа, Владата се потпре на „договорот за одговорност“ на чија основа дава 40 милијарди евра до 2017 година за поттикнување на претпријатијата да вработуваат, обучуваат и иневестираат.

На почетокот, Владата се надеваше на создавање на 500.000 нови работни места, но Оланд и самиот призна дека договорот нама ефекти на среден рок, но не го исклучи фактот дека подоцна следува корист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП