17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи на отворањето стагнираат, внимателност поради Грција

Европските берзи на отворањето стагнираат, внимателност поради Грција

dax-evropski-berzi

На европските берзи главните индекси во вторникот претпладнето стагнираат, движејќи се на во распонот како и изминатите денови, додека инвеститорите ги очекуваат новите насоки за инфлацијата во еврозоната и развојот на ситуацијата во преговорите со Грција и нејзините странски доверители.

Околу 9,30 часот во вторникот лондонскиот Ftse индекс беше во позитива од 0,13 отсто, парискиот CAC од 0,11 проценти, додека франкфуртскиот DAX беше во минус од 0,05 отсто.

Претставниците на Германија, Франција и меѓународните кредитори на Грција доцна ноќта кон вторникот се договорија дека ќе работат „навистина интензивно“ следните денови за да постигнат договор со владата во Атина за натамошна странска финансиска помош во замена за нов пакет реформи.

„Пазарот се движи веќе со денови во овој распон, кој рака на срце е доста широк. Реалните пари и натаму се настрана, бидејќи си самиот Господ не знае што ќе се случи со Грција“, вели во анкетата на Reuters Џастин Хак, од брокерската компанија „Hobart“.

За новите насоки инвеститорите го очекуваат објавувањето на податоците за невработеноста во Германија и инфлацијата во еврозоната, и притоа јакнат очекувањата за нејзиниот раст благодарејќи на поскапувањето на нафтата во последниот период.

Инвеститорите се внимателни и пред утрешното заседание на Европската централна банка (ECB), којашто неодамна започна со откупи поради квантитативното монетарно попуштање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП