18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDreamliner 787 на Боинг повторно ќе лета

Dreamliner 787 на Боинг повторно ќе лета

boeing_787_dreamliner_3

Американската компанија Боинг објавија дека авионот „787 Dreamliner“ е во целост сигурен и не постои опасност да дојде до пожар поради прегревање на акумулаторите, но и дека овој тип на авиони повторно ќе летаат за неколку недели.

„Нашите авиони ќе почнат да летаат повторно за неколку недели. Во тоа воопшто не постои сомневање“ изјави на прес-конференција во Токио, директор на Одделот за цивилна воздушна пловидба на Боинг, Реј Конер.

Според Конер сите тестирање треба да завршат за неколку недели.

„Незнам колку време ќе им треба на властите да ги одобрат резултатите од нашите тестирања, но сигурни сме дека тоа ќе биде во скоро време“ истакна диреткорот на оделот за оддржување, Мајк Флеминг.

Боинг 787 во потполност е сигурен, потврдуваат експертите од компанијата, додавјаќи како извршиле различни технички промени на акумулаторите на авионите. Оваа американска компанија во средината на јануари престана да испорачува нови авион, поради тоа што во Бостон се запали акумулаторот на еден авион, а потоа во Јапонија бил забележан уште еден инцидент поврзан со грешка на акумулаторот.

Сите педесет Боинг „787 Dreamliner“ од комерцијална употреба беа приземјени по принудното слетување на авионот на јапонската компанија „All Nippon Airways“ поради прегревање на литиумскиот акумулатор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП