6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air лансира нов веб-сајт оптимизиран за мобилен интернет пребарувач

Wizz Air лансира нов веб-сајт оптимизиран за мобилен интернет пребарувач

wizz

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денеска го најави лансирањето на новиот веб-сајт кој е оптимизиран за мобилен интернет пребарувач, за ИОС и Андроид апликациите, како дополнување на постоечката веб страницата на компанијата.

“Нашите истражувања покажуваат зголемена употребата на мобилни уреди од страна на нашите клиенти, додека ги пребаруваат летовите во Wizz, а нашиот нов мобилен сајт го прави тој процес многу поедноставен”, изјави Јохан Eidhagen, раководител на маркетинг и бренд на Wizz. “Во првичната верзија се фокусиравме на најчестите пребарувања за резервации, а во текот на наредните недели ќе ја додадеме и можноста за чек-ин услуги”.

Мобилната верзија од веб страната m.wizzair.com беше отворена во понеделникот и се поврзува преку веб пребарувачот на мобилниот уред. Иако повеќето корисници на мобилни телефони ја користат „WIZZ“ апликацијата за ИОС и Андроид, мал број на корисници на мобилните телефони го користат веб прелистувачот на нивниот уред и отсега можат да се префрлат на оптимизирана веб страна за мобилни. Во прилог на зголемување на функционалноста преку ажурирања, мобилната веб страна ќе биде достапна на осум јазици.

“Видовме дека бројот на мобилни посетители на веб страната WIZZ неодамна порасна како процент од сите посети, што го прави ова ажурирање на новата мобилна верзија многу посовременo”, изјави Eidhagen. “Нашите клиенти се секогаш нестрпливи да ги користат новите алатки со кои WIZZ искуството е уште полесно отколку во минатото, а нашиот нов мобилен веб-сајт им нуди поголема функционалност”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП