18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПретставата „Delirium tremens“ со две награди на фестивал во Корча

Претставата „Delirium tremens“ со две награди на фестивал во Корча

Image (16)

Претставата „Delirium tremens“, во продукција на Театарска работилница Прилеп и копродукција на театарот „Војдан Черндорински“ освои две награди на штотуку завршениот 14-ти интернационален фестивал на монодрама АЛБА МОНО, кој се одржа во Корча Р. Албанија.

Една специјална награда доби од мрежата на европски театарски асоциации – НЕТА и една за најдобра машка улога на Игор Трпчески. Претседател на интернационалното жири на фестивалот беше Благоја Стефановски, а членови Ахмед Јакупи и Замира Кита. На фестивалот имаше осум претстави од Русија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија.

Монодрамата „Delirium Tremens“ е по текст од Благоја Ристески Платнар, а актер и режисер е Игор Трпчески.

„Delirium Tremens“ или Алкохолно труење, за жал, иако еден од првите текстови на Благоја Ристески – Платнар, напишана осумдесеттите години од минатиот век, траги – комедијата не ја дочека својата премиера на сцените, веројатно поради непопуларноста на монодрамата како жанр во тоа време, но никако не би требало да биде заборавена денес.

Уште на самиот почеток на текстот, авторот го загатнува „театарот во театар“ така што јунакот ни го претставува како сценски работник, кој случајно е тука и ни соопштува дека нема да има претстава, затоа што актерот кој треба да ја одигра претставата, е во болница поради Delirium Tremens. Така приказната ја гледаме како низ едно скршено огледало низ призмата на овој сценски работник.

Претставата е наменета за сите генерации и во голема мера ги дефинира односите помеѓу уметниците и работниците, нивните влијанија, соработки и антагонизам кој се развива од неразбирање на проблемите на другите и секако за љубовта и морално – етичките дилеми, кои кај секој од нас се појавуваат во состојба љубов, страст и страв – вели актерот и режисер Игор Трпчески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП