20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција тврди: Имаме пари за „Турски тек“

Грција тврди: Имаме пари за „Турски тек“

1328939288556d578ecddb3809402306_w640

Цената на грчкиот дел од гасоводот „Турски тек“ ќе биде две милијарди долари, изјави грчкиот министер за енергетика, Панајотис Лафазанис.

Тој, во интервјуто за телевијзијата „Русија24“ истакнал дека меѓу грчките компании постои голем интерес за изградба и користење на тој гасовод.

„Сега веќе знаеме дека за таа работа ќе биде ангажирана грчка државна компанија. Дури, и прашањето за финансирање е решено. Го проценувам тој инфраструктурен проект на околу 2 милијарди долари“, изјавил министерот.

Според неговите зборови, реализацијата на проектот ќе овозможи околу 20.000 нови работни места во Грција, што ќе влијае не само на економскиот развој на земјата, туку и на целиот регион, пренесува Тас.

„Тоа е многу важен момент за грчката економија која минува низ тежок период. Грчкиот народ од сето тоа ќе има корист “– уверува Лафазанис.

Од Министерството велат дека Грција очекува да потпише меморандум за „Турски тек“ на Петербуршкиот меѓународен економски форум (PMEF) кој ќе се одржи од 18 до 20 јуни.

„Што се однесува до економскиот форум, ќе се потрудиме на него да потпишеме договор, таканаречен меморандум за политичка поддршка на тој гасовод меѓу Грција и Русија“ додава Лафазанис.

Преговорите досега беа неуспешни, и покрај низата посети на делегациите и тврдењата за брзо склучување на договор на средината на април. Во петокот руската компанија Газпром, по состанокот на шефот Алексеј Милер и министерот Лафазанис, објави дека е „подготвена да ги истражи можностите во врска со нејзиното учество во изградбата на гасоводот“ во Грција.

Тоа е прв пат оваа руска компанија, полу-јавна, да ја спомне можноста за директно учество во тој проект пред кој стојат многу незивесности. Русија допрва треба да го потпише конечниот договор со Турција за првиот дел од гасоводот кон територијата на Турција, надевајќи се дека гасоводот ќе почне со работа на крајот на 2016 година.

Според руските медиуми, неколку европски земји преку кои гасоводот би можел да поминува после Грција изгледаат воздржано, стравувајќи од непријателство со Европската унија, кое веќе доведе до нагло откажување од проектот руски гасовот „Јежен тек“ кон Западна Европа, за кој замена е „Турски тек“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП