29 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШефот на Audi: Ќе се „обложиме“ на кросоверите

Шефот на Audi: Ќе се „обложиме“ на кросоверите

Audi TT offroad concept

До 2020-та година палетата на модели на „Audi“ ќе брои 60 возила, а значаен дел од нив ќе бидат кросовери. Ова за „Automotive News“ го соопшти извршниот директор на компанијата Руперт Штадлер.

Топ менаџерот беше категоричен дека неговата компанија ги следи светските трендови кои покажуваат драстично зголемување на интересот на клиентите кон „SUV“ модели, и е целосно подготвена да одговори на ова, нудејќи најразлични автомобили.

„Ние се движиме надолу и работиме на „Q1“, но истовремено се искачуваме нагоре, затоа што ќе го направиме и „Q8“. Нашите истражувања покажуваат дека клиентите купуваат кросовери поради нивната зголемена безбедност и најдобарата прегледност на патот, што тие ги нудат“, објасни Штадлер.

Шефот на „Audi“ додаде дека засега во компанијата не ја разгледуваат можноста за развој на сериски спортски „SUV“. Затоа и во оваа фаза нема да се фокусираат на таква верзија на концептот „TT Offroad“ кој беше прикажан минатата година. Се тврдеше дека сличен автомобил наскоро ќе се појави на пазарот под името „Audi TTQ“.

„Ние добивме високи оценки за концептот, но проектот за трансформација во сериски автомобил се уште не добил „зелено светло“. За такво нешто ни треба во прво време од модернизирање на платформата „MQB“, што по нашите сметки ќе се случи за околу 5 години“, објасни Штадлер.

Топ менаџерот призна дека подобрувањето на „MQB“ е вклучено во 5-годишниот инвестициски план на брендот, чиј буџет е 24 милијарди евра. Стратешката цел на овој проект е да го поместат „BMW“ од првото место во сегментот на премиум автомобилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП