10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАKонцерт на американските електронски музичари Волтер Грос и Теншан

Kонцерт на американските електронски музичари Волтер Грос и Теншан

Image (15)

Како вистинско електронско освежување културниот центар Кула претставува американските музичари Волтер Грос и Теншан.

Помеѓу мрежа од кабли и електронски уреди посетителите ќе имаат прилика да го восприемат експерименталниот електронски звук на американската сцена, во вторник, со почеток во 20 часот.

Кога станува збор за музика, Волтер Грос е мајстор во кршење на звукот и негова деконструкција без никакво правило кон фрик-ноиз жанрот. Со мала доза на панкабилност и поголемо присуство на хип-хоп, Гроз прецизно го обработува и го пренесува звукот на Балтимор. Неговата вештина не се должи на начинот на градење на битовите, но попрво на компресираната синтетика која делува освежувачки и ново. Она што ќе можете да го слушнете во вторник ќе биде една од најбизарните, ментално растројувачки перформанси кои некогаш сте ги виделе.

Теншан е електронски музичар од Сан Диего кој стои зад издавачката куќа Скрапез и е дел од составите Кричрс, Киловатс и Обстракшн. Во последните неколку години го придружува Гонјасуфи во неговите европски и американски турнеи како негов битмејкер. Неговиот аудио израз ја заматува линијата помеѓу музичките жанрови, а тоа е видливо во широката палета на влијанија од хип-хоп, фанк, полски џез и скреч-даб. Без сомнеж, музиката на Теншан е неодоливо уникатна и оригинална на ниво на продукција, која варира, но е максимално кохерентна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП