24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКлубот Inner Wheel Скопје го прослави своето десетгодишно постоење

Клубот Inner Wheel Скопје го прослави своето десетгодишно постоење

inner

Клубот Inner Wheel клубот од Скопје во „М6 Едукативниот центар“ ја прослави десетгодишнината од своето постоење.

Inner Wheel клубот е интернационална организација на жени, поврзана со Ротари организацијата, а основана од сопругите и мајките на ротаријанците. Овој клуб активно функционира во многу делови од светот, а во Македонија од своето основање во 2004 година па досега има реализирано голем број хумани и добротворни активности.

На настанот за одбележување на десетгодишнината од формирањето, беа присутни членките на клубот, нивните соработници и пријатели, и познати личности од јавниот живот во Македонија.

„Да се предводи организација како Inner Wheel е привилегија, но и голема одговорност, која со полно срце и неуморлива постојаност ја исполнував во изминатата година“. Пешева истакна  дека постојат уште многу проекти кои можат да се реализираат – за сите заеднички да креираме општество со високи вредности и хуманост“, рече, меѓу другото, своето обраќање пред присутните, претседателката на клубот Анета Антова Пешева.

Во текот на свеченоста беа доделени две плакети за особени заслуги, афирмација и развој на клубот, како и повеќе благодарници.

Постхумно беше доделена плакета на една од поранешните претседателки на Клубот, Марија Андова, која ја прими нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, како и на првата претседателка на Клубот, професорката Марија Фукарова Јуруковска.

Хуманоста, како главна одлика на овој клуб дојде до израз и на самата манифестација на која беше организирана донација и собирање средства во добротворни цели, кои ќе бидат донирани за лекување на пациент со малигно заболување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП