6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија го намали ДДВ-то на храна од 27 на 9 проценти

Романија го намали ДДВ-то на храна од 27 на 9 проценти

hrana 303

Властите во Романија денеска ја намалија стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) на храна и безалкохолни пијалоци за 15 процентни поени, во рамките на напорите на владата да генерира нови работни места, но и да ја поттикне потрошувачката на домаќинствата и да им помогне на сиромашните.

Одлуката за намалување на стапката на ДДВ од 24 на 9.0 проценти стапи на сила денеска, и тоа во земја во која една третина од платата граѓаните ја трошат на храна.

Оваа мерка се однесува на сите сектори во прехрамбената индустрија (од производителите до супермаркетите и рестораните), а аналитичарите предвидуваат дека таа ќе придонесе за пад на цените за 12 проценти.

Најновиот чекор, според проценките, ќе го чини буџетот на Романија околу 5 милијарди леи (1.23 милијарди долари), но тоа, како што тврди романскиот премиер, Виктор Понте, ќе биде неутрализирано со подобра наплата на данокот.

Владата во Букурешт панира од 1-ви јануари идната година намалување и на ДДВ-то за останатата стока и услуги на 20 остото од актуелните 24 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП