28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеизвесноста околу Грција ги притисна европските берзи

Неизвесноста околу Грција ги притисна европските берзи

Image (12)

На европските пазари со хартии од вредност во понеделникот поддршка накусо им даде фармацевтскиот сектор, иако главните берзански индекси и натаму останаа во распонот во кој се движат последниот период поради неизвесноста околу решението на грчката должничка криза.

Така, во понеделникот FTSEurofirst индексот на 300-те водечки европски акции зајакна во претпладневното тргување за 0,9 отсто, на 1.599 поени, откако падна за 2 отсто во минатонеделното тргување. Лондонскиот индекс Ftse до пладнето се лизна за 0,13 отсто, на 6.975 поени, франкфуртскиот DAX за 0,2 отсто, на 11.390 поени, додека парискиот индекс CAC за 0,01 отсто, на 5.007 индексни поени.

Меѓу ретките добитници се оние од фармацевтскиот сектор, предводен од гигантите во оваа индустрија како „Astrazenec“ и „Roche“, чиишто акции зајакнаа по 2 отсто. Поттик им дадоа добрите вести од овие компании во врска со лековите против ракот.

Оптоварување за берзанските индекси беа вестите во врска со Грција. Владата во Атина преку викендот не го испрати нацртот од договорот со меѓународните доверители, по што повеќемесечните преговори западнаа во ќорсокак, а на 5-ти јуни е крајниот рок за исплата на следната транша од заемот од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Покрај тоа, кон крајот на јуни истекува и сегашната програма за меѓународна финансиска помош, а неопходна и е нова која е условена со програма за реформи, кои владата на Алексис Ципрас ги одбива.

„Грција можеби нема да постигне договор оваа седмица, но веројатно е дека на ММФ ќе му ја исплати ратата од заемот“, вели за Reuters Маркус Хубер, трговец со акции во компанијата „Peregrine & Black“.

Меѓу најголемите поединечни губитници, воедно и најголем тег за индексот FTSEurofirst 300, беа акциите на компанијата „Vestas Wind“, со пад на цената од 2,1 отсто. Нив ги поткопа одлуката на аналитичарите од „Citigroup“ да го намалат инвестицискиот рејтигн на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП