20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија лани имало 63 телевизии и 69 радија

Во Македонија лани имало 63 телевизии и 69 радија

tv

Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2014 година, во Република Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 132 радиодифузери од кои 69 емитуваат радиопрограма, а 63 телевизиска програма.

Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 65 се трговски радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи.

Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма емитувало вкупно 37 490 часа, од кои најголем дел или 62.2% се музичка програма.

Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радио програма емитувале вкупно 517 043 часа
радиопрограма, од кои најголем дел или 62.0% се, исто така, музичка програма.

Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 62 се трговски радиодифузни друштва.

Јавното радиодифузно претпријатија кое емитувало телевизиска програма емитувало вкупно 20 197 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 14.5% се играна програма.

Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма емитувале вкупно 476 067 часа телевизиска програма, од која најголем дел или 24.6% се играна програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП