29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоларот слабее - Нафтата плафон

Доларот слабее – Нафтата плафон

nafta11

Цените на суровата нафта денеска се зголемија, имајќи предвид дека слабеењето на американската валута овозможило нафтата изразена во долари да биде поевтина, поради што е зголемена побарувачката, наведуваат аналитичарите.

Нафтата на Њујоршката берза е зголемена за 24 центи и изнесува 93,27 долари за барел, додека европската марка „брент“ на берзата во Лондон поскапела за 90 центи, достигнувајќи 109,42 долари за барел.

– Слабеењето на доларот предизвика раст на цената на нафтата, истакна аналитичарот на фирмата „Филип Фјучерс“ во Сингапур, Кер Чунг Јанг.

Имајќи предвид дека со нафтата се тргува во долари, таа станува поевтина кога доларот слабее, што ги поттикнува инвеститорите на купување и резултира со повисоки цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП