10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоглед кон спортскиот автомобил на Renault (фото)

Поглед кон спортскиот автомобил на Renault (фото)

asportine

Француската компанија „Renault“ веќе најави дека ќе пушти на пазарот нов спортски автомобил под брендот „Alpine“. Тоа ќе се случи во 2016-та година, а подоцна овој месец ќе биде претставен концептната верзија на моделот.

Во моментов недостигаат официјални фотографии на ревитализираниот „Alpine“, но се очекува дизајнот на моделот да биде близок до оној на концептот „A110-50“ прикажан во 2012-та година. Токму на база овој концепт дизајнерите на американското издание „Automedia“ создадоа дигитална слика на возилото.

asportine1

Сликата е неофицијална, но според информациите дава добра идеја за она што можеме да очекуваме од автомобилот. Нешто повеќе, дизајнерите имаат подготвено два рендера – еден на верзијата купе и еден на кабриото.

Во моментов од „Renault“ не потврдиле дека спортски модел ќе се нуди и како кабриолет. Појавата на сличен модел сепак е премногу веројатна, бидејќи Французите изјавија дека марката „Alpine“ ќе се врати на пазарот со цела палета модели, меѓу кои и кросовер.

asportine2

Што се однесува до самиот спортски автомобил, тој најверојатно ќе го носи името „AS1“ (Alpine Sport 1). Автомобилот ќе комбинира во себе спортски темперамент, мала тежина и високи технологии. Шпекулациите покажуваат дека погонот ќе биде доверен на 1,6-литарски мотор со повеќе од 250 КС, а вкупната маса на автомобилот ќе биде околу 1100 килограми.

Се тврди дека „AS1“ ќе чини меѓу 30.000 и 35.000 евра, а годишно од фабриката во Диеп (Франција) ќе излегуваат меѓу 3000 и 5000 примероци.

Премиерата на концептуална верзија на „Alpine Sport 1“ ќе се одржи за време на трката за издржливост „24 часа Ле Ман“ на 13-ти и 14-ти јуни, а тогаш ќе можеме да очекуваме повеќе детали во врска со овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП