18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгија соочена со раст на цените

Белгија соочена со раст на цените

раст-rast-rast-cenite

На белгискиот пазар во мај е забележан општ раст на цените од 0,56 проценти во однос на претходниот месец, кога цените пораснаа за 0,29 проценти.

Мајската стапка на инфлација е највисока од април 2014 година, кога таа изнесуваше 0,62 проценти, пренесуваат белгиските медиуми.

На растот на цените во мај влијаеше поскапувањето на горивата, цвеќето, електричната енергија и авионските билети.

Цените на цвеќето скокнаа во мај за 4,1 проценти, цените на електричната енергија се зголемени за 0,9 проценти во однос на април, но тие зголемувања се ублажени со падот на цената на зеленчукот, маслото и услугите на мобилната телефонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП