14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдинаесет транспортни менаџери од Македонија добитници на наградата „ТOP MANAGER“

Единаесет транспортни менаџери од Македонија добитници на наградата „ТOP MANAGER“

Image (10)

Единаесет транспортни менаџери од исто толку фирми од Република Македонија, превозници на патници и на стоки, деновиве ја примија во своја трајна сопственост наградата „ТOP MANAGER“ за 2015-та, што традиционално ја доделува Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, најголемата транспортна асоцијација во светот, со седиште во Женева.

На пригодна свеченост организирана по тој повод, Емил Милев, првиот човек на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во нашата земја, во име на ИРУ им го предаде ова значајно транспортно признание на: Златко Милевски – БОМИ 10 ЛОГИСТИК, Али Сеадин – БУЛА ТРАНС КОМЕРЦ, Страшко Јакимовски – ДЕНИ-ИНТЕРНАЦИОНАЛ, Димче Вчков – ДИ-ТРАНС, Розетка Моневска – ДМ ПРЕЦИЗ, Перо Донев – ГРДОВЈАНКА, Ибраим Абдулаи – ИРА ТРАНС, Најдан Милиќ – НАЛЕ ТРАНС, Трајан Ангелов – QUEHENBERGER LOGISTICS, Селајдин Алиов – СЕРА и Валери Трајковски од ЗМАЈ ПРОМЕТ.

Сите тие се дел од тимот на 65 најдобри менаџери во транспортот од 15 земји во светот, (а меѓу кои, за прв пат се и две здруженија членки на ИРУ од латиноамериканските земји), за кои Генералното собрание на Меѓународната унија за патен транспорт –ИРУ на 17 април донесе одлука да ги награди со своето највисоко признание за нивните лидерски и менаџерски достигнувања и професионално искуство во промовирањето на сигурен, безбеден, еколошки и ефикасен патен транспорт. Односно, за нивните високи дострели во сферата на патниот транспорт, кој лани ја остваруваше својата мисија на еден од носителите на светската економија, а во услови на се уште нагласено присутна економска, но и се поизразита политичка криза во повеќе земји и региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП