18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕмитувана 14-та емисија на обврзниците за денационализација

Емитувана 14-та емисија на обврзниците за денационализација

finansii ministerstvo

Четиринаесетата емисија на обврзниците за денационализација, во износ од 9.500.000 евра, беше емитувана денеска.

Со Четиринаесетта емисија опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 01.02.2014 година до 31.01.2015 година, за кои како надомест се доделени обврзници.

Централниот депозитар за хартии од вредност на сопствениците на обврзниците ќе им достави известување за личниот износ на емитувани обврзници на домашна адреса.

Тргувањето со обврзниците за денационализација се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, обврзниците за денационализација граѓаните може да ги користат за отплата на становите во општествена сопственост.

Досега се издадени четиринаесет емисии на обрзници за денационализација со вкупна вредност од 333,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП