4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕтингер: Можно е Атина и кредиторите да постигнат договор оваа недела

Етингер: Можно е Атина и кредиторите да постигнат договор оваа недела

Image (9)

Договорот помеѓу Грција и нејзините кредитори би можел да биде постигнат оваа недела, соопштил еврокомесарот за економија и дигитално општество, Гинтер Етингер.

„Потребен ни е напредокот на ниво на работните групи, како би била постигната согласност за планот за реформите, можеби и до крајот на оваа недела. На тој начин би била овозможена исплатата на последната транша од финансиската помош“, рекол Етингер, пренесува Capital.ba

Етингер сепак ги намалил очекувањата дека во понеделник на состанокот меѓу германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ќе биде биде постигнат каков и да е напредок.

„Предизвиците со Грција се преголеми за да се решаваат од нога“, навел Етингер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП